Оваа Изјава за заштита на приватност објаснува како се обработуваат вашите лични податоци („Податоци“) - и се собираат од Друштвото – IVECO S.p.A. („ние“, „нас“, „наши“, или „Друштвото“) преку нашата веб-страница, во согласност со важечките закони и прописи. Ние се обврзуваме да ја заштитиме и почитуваме вашата приватност.

1. КАКО ГИ ДОБИВАМЕ ПОДАТОЦИТЕ

Следните податоци можат да се соберат, обработат и зачуваат:

Најчесто, вие ни ги давате вашите податоци, но некогаш ние ги преземаме од трета страна или од јавни записи. Ние ги штитиме податоците добиени од трети страни согласно со практиките опишани во оваа Изјава за заштита на приватност.

2. КАКО ГИ КОРИСТИМЕ ПОДАТОЦИТЕ

Собраните податоци може да ги обработиме за следните цели:

Податоците се собираат и обработуваат врз основа на договорот и нашиот експлицитен и легитимен интерес за обработка според точките (i), (ii) и се предмет на вашата изјава за целите на маркетингот според точките (iii), (iv). Ве молиме имајте предвид дека ако сте дале своја согласност, можете да ја повлечете во секое време.

Податоците може електронски да се обработат преку IT системите, и рачно во хартиена форма. Податоците ќе се обработуваат и чуваат во текот на целиот животен циклус, обезбедувајќи сигурност и доверливост на истите во согласност со принципите на правичност, законитост и транспарентност и во согласност со одредбите на важечките закони и прописи.

3. ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Доставувањето на податоците не е задолжително. Сепак, ако не се достават податоци кои се неопходни за да се обезбеди услуга или производ, и кои се означени како задолжителни, може да нѐ спречат да ја обезбедиме потребната услуга или производ, или може да резултира со неоптимално обезбедување на истите. Од друга страна, ако не се обезбедат податоците означени како опционални, ќе можете да пристапите до услугата или да го добиете производот.

4. КАКО ГИ СПОДЕЛУВАМЕ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Ние сме дел од групацијата CNH Industrial, глобален лидер во секторот за капитални производи. Податоците може да се споделат и испратат до нашите подружници и филијали на групацијата CNH Industrial, доверливи трети страни, даватели на услуги, овластени дилери, дистрибутери и деловни партнери, со седиште во и надвор од Европската унија, кои се под одредена договорна обврска и можат да ја користат само за исполнување на целите наведени погоре.

Податоците може да се испратат до трети страни согласно со законските обврски, да се обработат, и да се зачува нашата безбедност, и безбедноста на групацијата CNH Industrial, да се заштитат нашите права и сопственост, како и на групацијата CNH Industrial, да се во согласност со правилата на јавните органи, или да ги остварат нашите права пред судските органи.

5. КАКО ГИ ПРЕНЕСУВАМЕ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

За обработката на податоците опишана погоре, ние можеме да ги пренесеме податоците во земји надвор од Европската економска област (ЕЕО), вклучително и чување на податоците во дигитални и физички бази на податоци, управувани од субјекти кои дејствуваат во наше име. Управувањето со базите на податоци и обработката на податоците се ограничени на целите на обработката, и се спроведуваат според важечките закони и прописи за заштита на податоците.

Во случај податоците да се пренесат надвор од ЕЕО, Друштвото ќе користи какви било соодветни договорни мерки за да гарантира соодветна заштита на податоците, вклучително - меѓу другото - договори врз основа на Стандардните клаузули за заштита на податоци усвоени од Комисијата кои се применуваат за пренос на податоци надвор од ЕЕО.

6. ЧУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ние ги чуваме податоците во нашите системи и архиви колку што е потребно за да ги следиме целите опишани во оваа Изјава за заштита на приватноста, земајќи ги предвид, кога е применливо, законските и договорните барања.

Кога податоците повеќе не се потребни за целите за кои се обработуваат, истите се бришат или се чуваат во форма која не дозволува идентификација на субјектите на податоците, со оглед на тоа што не е наложено со закон и немаме дозвола за чување на таквите податоци. Ние може да ги чуваме податоците подолг период, бидејќи може да е потребно да се заштитат нашите интереси поврзани со потенцијалната одговорност при обезбедување на услугите или производите, или обработката на податоците.

Обработените податоци за целите на маркетинг ќе ги чуваме додека не ја повлечете вашата согласност, и во секој случај, во согласност со горенаведените начела и правила дадени од соодветниот Орган за заштита на приватност.

7. КОНТРОЛОР НА ПОДАТОЦИ

Друштвото IVECO S.p.A., со регистрирано седиште на Via Puglia 35, 10156, Торино, Италија, е Контролор на податоците што ги собира, обработува и чува во рамките на оваа Изјава за заштита на приватност.

8. ВАШИТЕ ПРАВА ВО ОДНОС НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Можете да ги остварувате вашите права како што е дефинирано со важечките закони и прописи:

Можете да ги остварите горенаведените права на следниов начин:

Доколку сакате да ни испратите барање, можеби ќе треба да доставите дополнителни лични податоци за да го потврдиме вашиот идентитет и да ве контактираме, доколку е потребно. Овие информации, заедно со податоците што веќе ги имаме, ќе се обработат за да одговориме на вашето барање, како што е наложено со важечкиот закон. Каде што е потребно, одредени информации може да се пренесат до други друштва во рамките или надвор од групацијата CNH Industrial, кои дејствуваат како обработувачи на податоци, со цел да одговориме на вашите барања. Вашите податоци ќе се обработат за времето кое е потребно за проценка и исполнување на вашето барање, а потоа вашите Податоци ќе бидат архивирани за соодветен временски период што ќе ни овозможи да покажеме дека барањето е правилно и навремено извршено.

9. АЖУРИРАЊЕ НА ИЗЈАВАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТ

Оваа Изјава за заштита на приватност е ажурирана во мај, 2018 година. Го задржуваме правото за повремено менување, дополнување или ажурирање на Изјавата за заштита на приватност, за да се усогласи со законските барања или нашите активности за обработка. Секое ажурирање ќе го објавиме на оваа веб-страница и ќе почне да важи веднаш по објавувањето. Ве повикуваме повремено да ја проверувате оваа Изјава за заштита на приватноста, за да се информирате како ние ги штитиме вашите Податоци.