Be the change! Транзицијата од OK TRUCKS ВОЗИЛА во IVECO СЕРТИФИЦИРАНИ ПОЛОВНИ ВОЗИЛА е направена! Искусете го неспоредливиот квалитет, сигурноста и одржливоста на нашите половни возила подржани од свет на сеопфатни услуги. Вашето патување кон извонредноста започнува овде.

ОВОЗМОЖУВАЊЕ ВТОР РАБОТЕН ВЕК НА ВОЗИЛАТА.

Нашите возила се подложени на серија проверки и инспекции по одредена постапка пред  да бидат пласирани на пазарот. Значи, иако нашите возила  се половни, нашите  клиенти можат да бидат сигурни дека ќе добијат возила  кои не се само сигурни , туку се во совршена состојба.

 120 проверени точки  вклучувајќи ги следниве компоненти:

 

 

  • Ентериери
  • Електрика / Електроника
  • Кабина
  • Шасија
  • Систем за сопирање
  • Мотор
  • Систем за гориво
  • Менувачка кутија
  • Квачило
  • Систем за ладње
  • Греење / климатизација
  • Надоградба / хидрауличен систем

Секој клиент има различни барања – како во врска со цената така и со подготовката на возилото. Врз основа на нивните специфични карактеристики, како што се староста на возилото, километражата и потребните сервисни интервенции, возилата се поделени во три категории – ПРЕМИУМ, ПЛУС И СТАНДАРД – со цел најдобро да се задоволат потребите на клиентите.

IVECO СЕРТИФИЦИРАНАТА СЕРВИСНА МРЕЖА е присутна во повеќе од 25 земји. Професионален тим ги подржува нашите клиенти во изборот на најсоодветно половно возило според нивната деловна апликација како би  добиле најдобра вредност за нивните пари.

Со IVECO СЕРТИФИЦИРАНИТЕ ПОЛОВНИ ВОЗИЛА овозможено ви е да набавите продолжена гаранција до 36 месеци, валидна во Европа, која можете да ја одберте според Вашите индивидуални барања. За подолг временски период Вие ќе бидете растеретени и сигурни дека Вашето возило ќе биде проверено и сервисирано според извонредните професионални вештини кои се белег на IVECO пост-продажната сервисна мрежа.

Вашиот бизнис никогаш не запира, затоа треба да се потпрете на Вашето возило кога Ви треба. Нашите услуги се дизајнирани да го зголемат времето на расположливост преку мониторинг на возилото во реално време, далечинска дијагностика, одржување и поправка, како и превентивни активности во Вашата IVECO сервисна работилница, кога тоа е потребно.

Потребно Ви е Вашето возило совршено да одговара на Вашиот бизнис и оперативни барања, и да има најдобри перформанси во текот на целиот работен век. Квалитетот и сигурноста се сертифицирани од IVECO преку високо квалитетни IVECO оригинални резервни делови, кои комбинирани со професионалните вештини на IVECO техничарите се Вашите најголеми сојузници за продуктивноста на Вашиот бизнис.

Нашите Top Care пакети се грижат за она што е најважно. Почнувајќи од здравјето и безбедноста на луѓето, преку безбедноста на возилото и товарот, па се до целосен душевен мир и за возачот и за камионот.

Нашите телематски услуги ви помагаат да ја намалите потрошувачката на гориво, да ги оптимизирате рутите и да го подобрите стилот на возење на Вашите возачи преку известување и анализа за перформансите на возилото, за попродуктивен и поефикасен бизнис со помали трошоци за работа.

Во случај да имате проблем со Вашето возило, нашиот 24-часовен бесплатен број за услуги Ви е на располагање со 2000 сервисни локации за асистенција во Европа. Понатаму, секоја работилница на IVECO може да понуди брза и лесна помош. На тој начин, секој клиент – без разлика каде се наоѓа може лесно да пронајде компетентен контакт во близина.

Ги разбираме предизвиците и можностите со кои се соочуваат нашите клиенти во нивниот бизнис. Затоа нудиме финансиски решенија за да одговараат со различните потреби со пристап ориентиран кон иднината: анализа за постојаната еволуција на пазарот, искористување на новите технологии и барањето синергија со специјализирани  партнери се клучот за подршка на Вашиот бизнис додека се развива.

 

IVECO СЕРТИФИЦИРАНИ ПОЛОВНИ ВОЗИЛА, сигурен избор за втор работен век.